Американскиот советник за национална безбедност рече дека САД ќе може да го казнат секој што ја поддржува Владата на Николас Мадуро.
Зборувајќи на Самит за Венецуела во Лима, Перу, Болтон рече дека секој што ќе соработува со Владата на Мадуро треба да биде свесен оти САД ќе бидат подготвени да воведат санкции против него.
„Ова се однесува на секои странски субјект, влада, соработка и личност, кои го помагаат режимот на Мадуро“, изјави Болтон.
Тој ги повика светските лидери да преземат поцврсти акции против Мадуро, кого го обвини за наводно преговарање со добра волја, со цел да купи време додека неговите граѓани страдаат.
Опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кого САД и повеќе од 50 други држави го признаа за легитимен претседател на Венецуела, ги поздрави новите економски санкции.