Ново американско истражување покажува дека употребата на електронски цигари го зголемува ризикот од хронично заболување на белите дробови, но, помалку од пушењето.
Истражувањето обајвено во научно списание за превентивна медицина, опфаќа 32.000 испитаници во периодот од 2013 до 2016 година, кои немале знаци на белодробно заболоување на почетокот на оваа студија.
Научниците откриле дека оние што користеле електронски цигари имаат 1.3 пати поголема веројатност да развијат хронично заболување, како астма, бронхитис и опструктвна белодробна болест.
За луѓето кои користат и електронски и регуларни цигари, ризикот е речиси трипати поголем.
Студијата укажува дека повеќето пушачи не се откажале од конвенционалните цигари кога почнале да ги користат електронските.