Турција ја доби првата испорака на рускиот ракетен систем

САД ја предупредија Турција за можни санкции

Турското министерство за одбрана денес го најави пристигнувањето на првите делови на рускиот ракетен систем С-400.

„Имаме договор за пристигнувањето на рускиот ракетен систем и процесот се одвива. Ги координираме дозволите за летови и за персоналот кој ќе доаѓа. Во однос на ова прашање, процесот продолжува“, рече турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Турција одби да одговори на барањето на САД да се повлече од Договорот со Русија, што се проценува дека чини повеќе од две милијарди долари.

САД ја предупредија Турција за можни санкции, кои би ја чинеле Турција милијарди долари.