Колку се ефикасни американските економски санкции?

Претседателот Доналд Трамп се` повеќе се потпира на економски санкции за постигнување на целите на надворешната политика, и покрај тоа што потенцира дека употребата на воена сила останува можност.

Сепак, аналитичарите велат дека овие мерки не ги даваат посакуваните резултати и ги ставаат САД во расчекор со сојузниците.

Венецуела

Санкциите на администрацијата на Трамп во Венецуела се насочени кон запленување на капитал на нафтените компании на државата во САД и признавањето на Хуан Гуаидо како привремен претседател. И покрај тоа што ова ја охрабри опозицијата, социјалистичкиот лидер Николас Мадуро продолжува да раководи со државата и ја зголеми политичката репресија.

Иран

Откако се повлече од Иранскиот нуклеарен договор, кој беше договорен од администрацијата на претходниот претседател Барак Обама, администрацијата на претседателот Трамп неодамна предупреди трети земји, вклучувајќи ги сојузниците Јужна Кореја за да престанат да купуваат иранска нафта.

Унилатералните санкции имаа некаков ефект врз нуклеарната програма на Иран, но сепак дел од европските сојузници искажаа несогласување со овие политики.


Куба

Трамп во средата се закани со економско ембарго на Куба заради наводната поддршка на Мадуро во Венецуела со испраќањето на 20.000 војници.

САД исто така, неодамна објавија дека ќе воведат санкциите против Куба затоа што не го враќа имотот на американските компании, кој пред 60 години бил одземен од комунистичката влада на Фидел Кастро.

Овие ограничувања на Куба и Иран не само што наидуваат на отпор кај сојузниците, туку би можеле да им наштетат и на американските бизниси присутни на овие пазари.

Северна Кореа

Во Северна Кореја, администрацијата на Трамп водеше напори за зголемување на санкциите на ОН од 2017-та година, кои забрануваат извоз од оваа држава.

Овие ограничувања, најверојатно, придонесоа Пјонгјанг да ги суспендира балистичките ракети и нуклеарните тестови и да се согласи на разговори.

Сепак, разговорите остануваат блокирани поради барањето на Вашингтон за целосно нуклеарно разоружување на Пјонгјанг пред олеснување на санкциите.

И покрај тоа што санкциите можат да ги зголемат економските трошоци на некоја држава, аналитичарите се скептични дека можат да предизвикаат промени и велат дека со текот на времето овие мерки можат се помалку ефикасни бидејќи државите ги зајакнуваат напорите за избегнување на санкциите.