Пентагон ги разгледува можностите за намалување на бројот на американските војници, стационира во Јужна Кореја.
Њујорк тајмс објави дека претседателот Трамп му наредил на Пентагон да подготви опции за повлекување на 23.000 американски војници од Јужна Кореја.
Во извештајот се вели дека намалувањето на американските трупи не е преговарачка тактика за престојните преговори меѓу Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.
Трамп претходно се залагаше за намалување на војниците во Кореја, велејќи дека ако тие останат, Сеул треба да ги зголеми трошоците.
Јужна Кореја претходно неделава објави дека прашањето со американските војници на Полуостровот не е поврзано со кој било иден мировен договор и дека американските сили треба да останат стационирани, дури и ако се потпише траен договор со Северна Кореја.