Американски федерален суд на компаниите за производство на цигари им даде рок до 18-ти јуни, на нивните веб-страници да објават корегирана изјава за опасностите од нивните производи и напорите да ја заведуваат јавноста за тие ризици.
На компаниите воедно им е наредено да го вклучат објаснувањето за пакувањата на цигарите до ноември годибава, а ќе се однесува и на која и да е кампања за промовирање на цигарите на социјалните медиуми.
Во корегираните изјави ќе стои, меѓу другото, дека пушењето во просек во САД предизвикува 1,200 смртни случаи дневно; дека цигарите се дизајнирани да создаваат и одржуваат зависност од никотин; дека цигарите со малку катран, лесните и природни цигари, не се помалку штетни од нормалните цигари, и дека редовните и таканаречените второстепени пушачи, кај непушачите, предизвикуваат болести, дури и смртност.
Трите големи американски тутунски компании, Ар Џеј Рејнолдс, Филип Морис и Ај Ти Џи Брендс, се борат да ги ослабат и да ги одложат ваквите укази уште од 2006-та година.