„Црвената линија“ и по неа

Снимка на новинската мрежа Шам, на која наводно се телата на жртви на нападот од средата близу Дамаск.

Каков ќе биде наредниот американски чекор по наводите дека сириските владини сили употребиле хемиско оружје?
Претседателот Обама своевремено најави дека за САД, црвената линија во Сирија ќе биде евентуалната употреба на хемиско оружје.

Се фокусираме на собирање на фактите. Претседателот, секако, има најразлични опции.
Џен Псаки, портпаролка на Стејт департментот
По наводите на сириски активисти и бунтовници дека владините сили средата употребиле отровен гас во близината на Дамаск, при што загинале стотици лица, меѓу нив и деца, Вашингтон собира информации за случајот, а
Обама размислува како да реагира, според американски официјални лица.

Портпаролката на Стејт департментот, Џен Псаки вели: „Доколку се точни извештаите, тоа ќе биде
Велиме - ќе ја поддржиме опозицијата. Велиме - имаме црвена линија. Велиме - пречекорена е. Велиме - ќе сториме нешто. Но, не правиме доволно, на еден значаен и функционален начин.
Адам Ерели, поранешен американски амбасадор
невидена и флагрантна ескалација на употребата на хемиското оружје од страна на сирискиот режим. Значи, се фокусираме на собирање на фактите. Претседателот, секако, има најразлични опции“.

Американски лица наведуваат дека ја зголемуваат помошта за сириските бунтовници, откако било утврдено дека сириските владини сили претходно извршиле напади со хемиско оружје. Но, тоа не е доволно, вели поранешниот американски амбасадор Адам Ерели.

„Велиме - ќе ја поддржиме опозицијата. Велиме - имаме црвена линија. Велиме - пречекорена е. Велиме -
Засега, владите на европските земји, посебно Франција, Британија, а и на САД, не презеле сериозни чекори да ни дадат соодветно оружје.
Луеј Мекдад, портпарол на сириските бунтовници
ќе сториме нешто. Но, не правиме доволно, на еден значаен и функционален начин“, смета Ерели, кој додава дека тоа само ги охрабрува сојузниците на Сирија: Иран и Хезболах.

Портпаролот на сириските бунтовници, Луеј Мекдад, тврди: - не Западот, туку арапските земји помагаат со оружје.

“Примаме пратки од одредени земји, конкретно од некои арапски земји. Засега, владите на европските земји, посебно Франција, Британија, а и на САД, не презеле
Очекуваме стручњаците да го расчистат ова прашање и бројните шпекулации за употребата на сириско хемиско оружје.
Александар Лукашевич, портпарол Министерството за надворешни работи на Русија
сериозни чекори да ни дадат соодветно оружје“, наведува Мекдад.

Руската поддршка за сирискиот претседател Башар ал-Асад ја комплицира реакцијата на Вашингтон, бидејќи Москва сугерира дека бунтовниците можеби изрежирале хемиски напад за да предизвикаат меѓународна реакција против Дамаск. Портпаролот на руското министерство за надворешни работи, Александар Лукашевич очекува „стручњаците да го расчистат ова прашање и бројните шпекулации за употребата на сириско хемиско оружје“.

Ако сириските сили навистина не употребиле отровен гас, велат американски официјални лица, тогаш владата во Дамаск нема причина да не им дозволи на инспекторите на ОН, кои веќе се во Сирија, да спроведат истрага.