Американски дипломат бара области за соработка со Сирија

Американски дипломат бара области за соработка со Сирија

На распитот пред Сенатската комисија за надворешни работи во вотрникот, Форд истакна дека Сирија се изјаснила дека се залага за праведен и одржлив мир на Блискиот Исток и за стабилен и безбеден Ирак

Роберт Форд, кого претседателот Барак Обама го номинираше за амбасадор на САД во Сирија, вели дека повторно испраќање на претставник во оваа земја, можно е да помогне во напорите за стабилизирање на Блискиот Исток.

На распитот пред Сенатската комисија за надворешни работи во вотрникот, Форд истакна дека Сирија се изјаснила дека се залага за праведен и одржлив мир на Блискиот Исток и за стабилен и безбеден Ирак.

Тој додаде дека во 2007-та година, на ирачка територија влегувале 100 странски војници месечно, а сега само 10-тина. Форд истакна и дека Сирија може да придонесе оваа бројка да изнесува нула и дека ќе бара дополнителни начини да соработка со Сирија за обезбедување на помош за многубројните палестински и ирачки бегалци во оваа земја.

Роберт Форд кажа дека Сирија воедно мора да се убеди оти Иран и милитантната група Хезболах со седиште во Либан, не го споделуваат долгогодишниот стратешки интерес на Сирија за одржлив мир на Блискиот Исток.

Доколку биде потврден на функцијата, Форд ќе биде првиот амбасадор на САД во Сирија во изминативе пет години.