Врховниот суд на САД издаде привремена наредба со која администрацијата на претседателот Доналд Трамп, може да ја задржи рестриктивната политика спрема бегалците, додека судот ги разгледува аргументите за забраната за патување.
Судијата Ентони Кенеди ја издаде наредбата во понеделникот. Во ситуација кога Врховниот суд не постапил, одлуката на Апелациониот суд за укинување на дел од забраната за бегалците, стапува на сила денеска.
Администрацијата на Трамп во понеделникот упати вонредна жалба до Врховниот суд, барајќи да остане на сила претходната пресуда на Апелациониот суд, со што беше вратена привремената забрана од 120 дена за влез во САД на речиси сите бегалци.
Долниот суд минатата недела пресуди дека бегалците може да влезат во земјата, ако Агенција за преселба, со седиште во САД, се согласи да ги прифати нивните случаи.
Претстојната одлука на деветмината судии во Врховниот суд, би ја одредила судбината за 24.000 бегалци.