Силен раст на акциите во САД

Your browser doesn’t support HTML5

Индексот „Дау Џонс“ надмина 22.000 поени

Индустрискиот индекс „Дау Џонс“ во средата постави шести последователен рекорд, за прв пат затворајќи со над 22.000 поени.

Позитивните извештаи за приходите на компјутерскиот технолошки гигант „Епл“, како и производителот на авиони „Боинг“, беа главните придонесувачи за оваа уште една голема пресвртница на „Дау Џонс“, трета годинава.

Индексот на 30 големи компании, се користи како мерач на состојбата на американската берза изминативе преку 100 години.

Инвеститорите се надеваат на продолжување на трендот и денеска.