Поранешниот архиепископ на Вашингтон е расчинет од страна на Ватикан, поради наводите дека тсексуално злоупотребувал тинејџер пред речиси 50 години, кога бил свештеник во Њујорк.
Папата Францис нареди расчинување на 87-годишниот кардинал Теодор Мекарик, откако се покажало дека тврдењата се веродостојни и одржливи.
Во соопштението објавено преку црквата, Мекарик вели дека ја прифатил одлуката, иако не бил виновен и не се сеќавал дека злоупотребил некого.
Од црквата соопштија дека тој е со слабо здравје и останува во Вашингтон.