Хајди Смит победи на изборите во Мисисипи и покрај контроверзата предизвикана од нејзината забелешка за присуство на бесење
Републиканците го зголемија мнозинството во Сенатот за шест места, откако Синди Хајди Смит победи во вториот круг на избори во јужната сојузна држава Мисисипи.
Хајди Смит доби 54 проценти од гласовите, победувајќи го демократот Мајк Еспи, кој и честиташе на Хајд Смит за победата.
Таа, исто така му се заблагодари на претседателот Трамп, кој ја поддржа за време на кампањата и особено за време на котроверзата во врска со нејзината забелешка дека ако политички поддржувач ја покани „на јавно бесење, таа ќе биде во првиот ред.“
Смит се извини за забелешката „ако некого навредила.“
Таа ќе го замени сенаторот Тад Кокран кој се повлече од здравствени причини.