Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека американските сили се подготвени да одговорат на нападите на едно од најголемите нафтени полиња на Саудиска Арабија и најголемата постројка за стабилизација на сурова нафта во светот.
„Има причина да веруваме дека го знаеме виновникот“, напиша Трамп во порака на Твитер доцна синоќа. Тој додаде дека ќе почека да слушне од Саудијците кого тие го сметаат за одговорен за нападот и „под кои услови би постапиле“.
Претходно, државниот секретар Мајк Помпео напиша во порака на Твитер дека „Иран изврши невиден напад врз снабдувањето со енергија во светот“, минимизирајќи ги тврдењата за одговорност од бунтовниците во Јемен поддржани од Иран, кои соопштија дека тие го извршиле нападот со беспилотни летала.
Иран ги отфрли обвиненијата дека стои зад нападот.