САД со привремен прекин за неимигрантски визи во Русија

Остра реакција на некои Руси по одлуката на САД да прекинат со издавање на сите неимигрантски визи од Русија од 23-ти август, до 1-ви септември.

Американската амбасада во Москва вели дека ваквиот потег се должи на „воведената квота на владата на Русија“ околу нивото на американски персонал.

Воедно, конзулатите на САД во Санкт Петербург, Владивосток и Екатеринбург, нема да издаваат визи на неодредено време, се` додека трае редуцирањето на персоналот.

Русија во јули презема контра-акција заради санкциите на САД, со тоа што протера персонал на американската амбасада и побара нејзиниот број да се намали од 755 на 455 до крајот на август.

Официјални лица на САД рекоа дека администрацијата планира сопствена реакција на овој чекор по 1-ви септември.