Разговорите за прекин на огнот со цел достава на хуманитарна помош, продолжуваат.
Американскиот државен секретар Џон Кери и неговиот руски колега Сергеј Лавров втор ден по ред не можат да постигнат согласност за прекин на огнот во Сирија, за да се достави храна и лекови во најпогодените подрачја.
Шефовите на дипломатиите на САД и Русија се сретнаа на маргините на Самитот на Г20.
Во потенцијалниот договор би била вклучена владата на Сирија – сојузник на Русија и умерените бунтовници, поддржани од САД.
Во граѓанската војна во оваа земја досега загинале преку 250.000 лица, а 11 милиони се раселени.