Рускиот претседател Владимир Путин нареди САД да повлечат 755 дипломати од Русија, како одговор на новите санкции што Конгресот ги изгласа за наводното руско мешање во претседателските избори, минатата година.
Стејт департментот чекорот на Путин го нарече „разочарувачки“, додавајќи дека размислува како да одговори.
Путин, за Руската телевизиска мрежа, изјавил дека неговата Влада може да преземе повеќе чекори против САД, како одговор на воведените санкции
Конгресот во четвртокот одобри нов пакет санкции против Русија, како и против Иран и Северна Кореја.
Во петокот, руското Министерство за надворешни работи најави возвратни мерки против САД, велејќи дека санкциите ја потврдуваат „екстремната агресија“ на Америка во меѓународните прашања.
Министерството потенцираше дека редуцирањето на американски дипломати би требало да се комплетира до крајот на август.
Во меѓувреме, Белата куќа соопшти дека претседателот Доналд Трамп ќе ја потпише легислативата.