Русија побара САД да го врати запленетиот имот минатата година, откако американската разузнавачка заедница заклучи дека Москва се мешала во претседателските избори во 2016-та година.
Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, запленувањето на имотот во Њујорк и во Мериленд го нарече „грабеж“.
Претходниот претседател Барак Обама го заплени имотот, и протера 35 руски диполмати, обвинети за шпиунирање во декември, помалку од еден месец пред да си замине од функцијата, како одговор на наводното руско мешање во изборите, кое Москва го негира.
Русија тогаш не одговори на американскиот потег, но, Лавров минатата недела истакна дека „ ако Вашингтон одлучи да не го стори ова, ние ќе мора да преземеме акции“, најверојатно со блокирање на употребата на државните простории, кои ги користат вработените на Американската амбасада во Москва.
Кусо откако Трамп ја презеде функцијата претседател на САД, се шпекулираше дека ќе го верати запленетиот имот на Русија, но, досега тоа не се случи
Ова прашање повторно е на агендата на Вашингтон во понеделник, на состанокот меѓу државниот потсекретар Томас Шенон и рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рибков.
Лавров, при посетата на Белорусија, рече дека антируското чувство во САД, ја прави несигурна соработката меѓу Москва и Вашингтон за светски прашања.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, изјави дека очекува имотот да биде вратен без никакви услови и разговори, и оти САД треба да покажат политичка мудрост и волја да го вратат имотот во руска употреба.