Во трката за Белата куќа во понеделникот доминираше реториката меѓу републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп и Кизр Кан, татко на американски војник со муслиманско потекло кој загинал во самоубиствен напад во Ирак во 2004-та.
Кан, кој е од Пакистан, претходно ја истакна службата на неговиот син, за да му се спротистави на предлогот на Трамп за воведување рестрикции врз муслимани кои сакаат да емигрираат во САД.
Во интервју за Гласот на Америка, Кан кажа дека несогласувањето со Трамп, веќе има позитивен ефект.
„Се` поголем број републиканци го повикуваат да престане, да ги промени тие понижувачки изјави за малцинствата, не само за муслиманите, туку и другите малцинства – жените, судиите, правниот систем на оваа држава“, изјави Кан.
Републиканскиот потпретседателски кандидат, Мајк Пенс, синот на Кан го нарече херој, но застана во одбрана на Трамп.
Демократската претседателска кандидатка Хилари Клинтон во говорот во Омаха, Небраска не ја спомена контроверзата со Кан и се фокусираше на економските прашања.