Обвинети 12 Руси за хакерски напади врз демократи на изборите во 2016-та

Обвинението го соопшти заменикот-главен правобранител Род Розенстајн, како дел од тековната истрага на специјалниот советник Роберт Мулер, а која се однесува на можната поврзаност на кампањата на Трамп и Русија

Американскиот Оддел за правда објави обвиненија против 12 руски разузнавачи за извршени хакерски напади за време на претседателските избори во САД во 2016-та година.

Обвинението го соопшти заменикот-главен правобранител Род Розенстајн, како дел од тековната истрага на специјалниот советник Роберт Мулер, а која се однесува на можната поврзаност на кампањата на Трамп и Русија.

Русите се обвинети за упад во компјутерските мрежи на Демократскиот национален комитет и кампањата на Хилари Клинтон.

Претходно, Мулер поднесе обвиненија против 20 лица и три компании. Меѓу нив, четворица поранешни лица од кампањата на Трамп и помошници во Белата куќа, како и 13 Руси, обвинети за учество во тајна, но влијателна кампања на социјалните медиуми, чија цел била да се влијае врз американското јавно мислење за време на изборите во 2016-та година.

(Асошиетед прес)