Пенс на средби со повредените во Тексас

Во нападот во неделата беа убиени 26 лица, а 10-тина се повредени и се наоѓаат во критична здравствена состојба

Потпретседателот Мајк Пенс ќе го посети Садерленд Спрингс, Тексас, на средби со повредените и членови на семејствата на загинатите лица од масовното убиство во неделата.

Во нападот во црква беа убиени 26 лица, а 10-тина се повредени и се наоѓаат во критична здравствена состојба.

Пенс ќе оствари средби и со припадници на агенциите за спроведување на законот.

Агент на ФБИ одговорен за истрагата, изјави дека во момонтов темелно се проверува мобилниот телефон на напаѓачот.