Претседателот Доналд Трамп денеска ја започна својата дводневна посета на Кина, во рамки на турнејата низ Азија. Во Пекинг, Трамп и првата дама Меланија, беа пречекани од кинескиот претседател Ши Џинпинг и неговата сопруга, Пенг Лијуан.
Во фокусот на разговорите на обајцата лидери ќе биде трговијата и нуклеарната програма на Северна Кореја.
Трамп ја повикува Кина да биде поагресивна во справувањето со севернокрејското прашање, иако Пјонгјанг е главен трговски партнер на оваа земја.