Во САД денеска се одржуваат делумни избори

Во неколку сојузни држави се бираат конгресмени, сенатори, но и гувернери и градоначалници

Гласачите во Вирџинија денеска избираат нов гувернер. Ова е една сојузните држави каде воедно се гласа и на локални избори, што можат да дадат првичен показател за тоа како електоратот гледа на политиката на претседателот Доналд Трамп и Републиканската партија.

На повеќето гласачки места во Вирџинија, се чини дека трката ќе биде тесна меѓу републиканецот Ед Џилеспи и демократот Ралф Нортам.

Во Њу Џерси, актуелниот гувернер Крис Кристи ќе биде заменет од републиканскиот заменик-гувернер Ким Гуадагно или демократот Фил Марфи.

Денешното гласање е важно, во време кога републиканците и демократите се обидуваат да забележат добри резултати пред конгресните избори наредната година.

Од локалните избори, анкетите покажуваат дека градоначалникот на Њујорк, демократот Бил де Бласио и Марти Волш во Бостон, лесно може да бидат повторно избрани на функцијата. Градоначалници се бираат и во Атланта, Џорџија, Шарлот, Северна Каролина, Детроит, Мичиген и во Сиетл, сојузната држава Вашингтон.

Во Јута пак, се очекува победа за републиканецот Џон Куртис, на испразнетото конгресно место на Џон Чавез.