За време на распитот пред Сенатската комисија за разузнавање, Помпео кажа дека ја прифаќа проценката на американските разузнавачки агенции дека Русија била вмешана во претседателските избори во САД.
Конгресменот од Канзас Мајк Помпео, кого новоизбраниот претседател Доналд Трамп го номинираше на функцијата прв човек на ЦИА, вети дека ќе одржува јасен фокус на Русија и дека нема да се согласи со каква било наредба на Белата куќа за повторна употреба на тактиките за испрашување коишто се сметаат за тортура.
За време на распитот пред Сенатската комисија за разузнавање, Помпео кажа дека ја прифаќа проценката на американските разузнавачки агенции дека Русија била вмешана во претседателските избори во САД.
„Ова е долгорочен напор на Русите“, додаде тој, „Ова е нешто што Америка треба да го сфати сериозно и како закана на која сме ранливи до ден денес“, рече тој.