Претседателот на САД Доналд Трамп, ја привршува посетата на Кина и тоа со постигнати неколку вредни бизнис-договори.
Администрацијата на САД соопшти дека меѓу спогодбите е и договор во вредност од 1,2 милијарди долари, и тоа за купување на говедско и свинско месо од САД.
Трамп сепак повторно се пожали за трговскиот дисбаланс меѓу двете земји, додавајќи дека за ситуацијата не е виновна Кина, туку претходните американски влади, заради тоа што, како што кажа, дозволиле трговскиот дефицит да излезе надвор од контрола и само да расте.
Кинескиот претседател Ши Џинпинг, истакна дека претстои напредна иднина за трговската соработка меѓу САД и Кина, подвлекувајќи дека постигнатите договори се во вредност од 250 милијарди долари, како и тоа дека има брз раст на кинеските инвестиции во САД.
Следна станица на 12-дневната турнеја на американскиот претседател, е Виетнам.