Непосредно пред почетокот на најдолгото затворање на владата во американската историја, само 18 проценти од Американците кажале дека им варуваат на законодавците во Вашингтон дека ќе го сторат тоа што е исправно „речиси секогаш“ или „најголем дел од времето“, покажа анкета на Центарот за истражување на јавното мислење Пју.
Новото демократско мнозинство во Претставничкиот дом прави напори таквата перцепција да се промени на подобро, со предлог-закон дизајниран со цел да се решат прашања за кои многумина сметаат дека се корозивни проблеми во американската демократија.
Од тоа како кандидатите ги финансираат нивните кампањи до странско мешање на изборите и автоматско регистрирање на гласачите - оваа амбициозна легислатива е дизајнирана значително да промени многу области на демократскиот процес.
Изборите на половина мандат на претседателот во 2018 дополнително ја зголемија недовербата во изборниот процес со извештаите за задушување на гласањето во Џорџија, Флорида и на други места, и за нерегуларности во гласањето во отсуство во Северна Каролина.
Но конгресните републиканци велат дека овие реформи се обид на демократите да ги централизираат изборите под федерален надзор и дека е подобро тоа да се остави на сојузните држави и локалните изборни претставници.
Легислативата има слаби шанси да помине во Сенатот каде мнозинство се републиканците.
Едномесечното затворање на владата го одложи планот на демократите да гласаат по предлогот во Претставничкиот дом. Четири недели во новиот мандат на Конгресот, 116-ти по ред, Комисијата за правосудство на Претставничкиот дом има распит неделава за некои од клучните прашања во документот.
На пример, регистритањето на гласачите да биде автоматско со новиот закон. Сега е доброволно. Денот на гласањето ќе биде федерален празник и на оние кои не можат да дојдат до гласачките места, да им се обезбеди превоз. Критичарите велат дека тоа е непотребно трошење на парите на даночните обврзници.
Предлог законот инсистира на враќање на правото на глас на осудениците. Ги има околу 6,1 милион во САД.
Претседателот, потпретседателот и кандидатите за тие позиции ќе треба да пријават даноци за последните 10 години. Дебатата за ова се разгоре кога претседателот Трамп одби да ги пријави даноците. Легислативата меѓу другото предвидува компаниите да ги откријат своите извори на финансирање за политички реклами на нивните платформи.
Your browser doesn’t support HTML5
Со загриженоста за улогата на големите донатори една провизија предвидува ограничување на поединечните контрибуции на 200 долари по лице, кои потоа ќе бидат поддржани од фондови на федералната влада во размер 6-1. Поддржувачите велат дека овој систем го зголемува влијанието на поединечните гласачи, додека критичарите сметаат дека го лимитира правото на слобода на говорот за поддршка на политички каузи.
За да помине легислативата во сегашниот состав, можна опција е да биде поделена на помали делови за да има можност по некои од прашањата да се направи компромис.