Филипинскиот претседател на форум во Токио, рече дека во наредните две години не сака присуство на странски воени трупи
Филипинскиот претседател Родриго Дутерте се закани дека ќе ги прекине воените врски со САД, втор пат во неколку денови.
Во текот на неговата тридневена официјална посета на Токио, клучниот сојузник на САД во регионот, каде Дутерте отпатува да учествува на економски форум, тој рече дека сака Филипините да бидат „слободни од присуство на странски воени трупи“ во наредните две години, дури и ако тоа значи да ги поништи договорите.
Мал број на американски војници се испратени на јужниот остров Минданао, да помогнат во антитерористичките операции против внатрешното Исламистичко востание.