САД и Пакистан одржуваат билатерални односи уште од 1947-та година. Додека ваквиот однос многупати бил загрозен од различни причини, сепак воените и економските потреби ги условувале двете држави да останат сојузници.
1947 - САД е една од првите држави кои воспоставиле соработка со новата суверена држава Пакистан.
1954 - Пакистан, растргнат меѓу ривалите, одбира да остане во сојуз со САД наместо со Советскиот Сојуз. Потпишува Договор за заедничка одбрандбена помош со САД, кој дозволува пакистански војници да бидат тренирани во оваа земја.
1956 - Пакистан и` дозволува на американската армија да користи база, од каде ќе ја надгледува Советската балистичка програма за проектили. Кога американски разузнавачки авион беше соборен од Советскиот Сојуз во 1960-та година, Пакистан кажа дека бил измамен од САД околу користење на базата.
1962 - Американскиот претседател Џон Кенеди и` нуди на Индија економска и воена помош за време на војната со Кина, иритирајќи го пакистанскиот претседател Мухаммед Ајуб Хан.
1965 - САД ја суспендираат воената помош и за Индија и за Пакистан, во време на војната меѓу двете држави.
1970 - Пакистан им помагаат на САД за отворена комуникација со Кина, доведувајќи до прва американска претседателска посета на Кина наредната година.
1971 - САД ја суспендираат воената помош за Пакистан, поради граѓанската војна меѓу Источен и Западен Пакистан, што води до формирање на Бангладеш.
1975 - САД ја продолжуваат воената поддршка кон Пакистан, и покрај нуклераните тензии меѓу Индија и Пакистан.
1979 - За време на претседателството на Џими Картер, САД повторно ја кратат воената помош за Пакистан.
1979 - 1980 - Советскиот Сојуз го напаѓа Авганистан, водејќи САД да ветат помош за Пакистан од 3,2 милијарди долари во рок од пет години.
1990 - Претседателот Џорџ Буш одговара на новиот американски закон, спречувајќи помош за Пакистан додека поседува нуклеарно оружје.
1998 - САД воведуваат санкции, забранувајќи заеми, воена и економска помош за пакистанската влада.
2001 - По терористичките напади на 11-ти септември, Пакистан станува важен сојузник на САД во борбата против Ал-Каида и Талибан во соседен Авганистан.
2003 - САД му простуваат на Пакистан заем од една милијарди долари, како благодарност за соработката во борбата против теророт.
2005 - Земјотрес убива десетици илјади луѓе во Кашмир, под раководство на Пакистан; САД донираат 510 милиони долари помош за санирање на последиците.
2010 - Американската разузнавачка заедница, заедно со силите на Пакистан, го фаќаат талибанскиот лидер Мулла Абдул Гани Барадар.
2011 - САД го убиваат терористичкиот лидер Осама бин Ладен, во неговиот семеен комплекс во Пакистан.
2014 - САД користат мисии со дронови за да убијат неколку од пакистанските најбарани милитанти, на границата со Авганистан.
Јануари 2, 2018 - САД најавија дека ќе продолжат со повлекување на 255 милиони долари помош од Пакистан, поради, како што објаснува администрацијата на Трамп, неуспех ефективно да се бори против тероризмот.