Лос Анџелес е на пат повторно да биде олимписки град, овој пат во 2028-мa година.
Олимпијци, меѓу кои и женскиот фудбалскиот тим на САД, му се приклучија на градоначалникот на Лос Анџелес Ерик Гарсети, кој изјави дека градот презема „голем чекор за повторно враќање на игрите“.
Најавата дојде по договорот со Меѓународниот олимписки комитет (МОК) кој на Лос Анџелес му го даде настанот во 2028-ма година, во замена за откажување од трката за Олимписките игри во 2024-та година, во корист на Париз.
Се очекува МОК да го ратификува двојниот олимписки договор во септември.