Предлог за нафтено дупчење во речиси сите крајбрежни области на САД

Ова го соопшти американскиот Оддел за внатрешни работи. Најавени се спротиставувања и оспорувања

Американскиот Оддел за внатрешни работи планира да ги отвори речиси сите крајбрежни области на САД за нафтено дупчење, вклучувајќи ги и Калифорнија и Флорида.

Дури и пред објавувањето на веста, активистите кои со години работат на заштита на морските екосистеми од истекување на нафта, беа подготвени да ја оспорат одлуката.

Петгодишниот план е многу пообемен од оној издаден од претседателот Доналд Трамп во април 2017-та. Одделот за внатрешни работи предлага 47 можни локации за дупчење, во речиси сите делови од континентална Америка.

Властите во Флорида веќе најавија дека ќе се спротивстават на мерката.