САД и Полска ќе одржат заеднички министерски состанок за да промовираат мир и безбедност на Блискиот исток.
Меѓународниот состанок ќе се одржи во Варшава на 13-ти и 14-ти февруари.
„Ќе се адресираат критичните прашања, вклучувајќи тероризам и екстремизам, развој на проектили и закани од групи поддржани од надвор“, соопшти Стејт департментот.
Државниот секретар на САД Мајк Помпео, во изјава за Фокс њуз, вели дека фокус на состанокот ќе биде стабилноста, мирот, слободата и безбедноста на Блискиот исток, вклучувајќи важен елемент да се осигура дека Иран нема да има дестабилизирачко влијание.
Помпео денес пристигна во Манама, Бахреин, држава која што САД ја нарекоа `лојален поддржувач` да се ослабат малигните напори на Иран.
Оттука Помпео ќе отпатува во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати, како и во Катар, Саудиска Арабија, Оман и во Кувајт.