Кели: Нема да има масовни депортации од САД

Од кабинетот на мексиканскиот претседател го повторија ставот дека заштитата на Мексиканците во САД и почитувањето на нивните права, е еден од најголемите приоритети на неговата администрација.

Американски претставници му ветија на Мексико дека нема да има „масовни депортации“, во обид да ги смират тензиите по изјавата на претседателот Доналд Трамп дека ќе ги протера, како што ги нарече „лошите момци“ со нелегален престој во САД.

Државниот секретар Рекс Тилерсон и секретарот за домашна безбедност Џон Кели, се сретнаа со мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието и министрите кои изразија „загриженост и иритираност“ по конфротирачките ставови на претседателот околу врските со Мексико по прашањата за трговија и миграција.

Кели подвлече дека во примената на засилените проверки, нема да биде употребена воена сила:

„Нема да има масовни депортации. Се` што правиме во Одделот за домашна безбедност ќе биде легалнo и согласно човековите права и американскиот правен систем. Сите депортации ќе бидат согласно нашиот правен систем“, истакна Кели.

Тилерсон разговорите ги опиша како продуктивни, а Стејт департментот не даде други детали за средбите.

Од кабинетот на претседателот Нието го повторија ставот дека заштитата на Мексиканците во САД и почитувањето на нивните права, е еден од најголемите приоритети на неговата администрација.