Еден ден откако Мексиканскиот Сенат го ратификуваше новиот трговски договор со Канада и Соединетите Американски Држави, канадскиот премиер Џастин Трудо денеска е во посета на Вашингтон за да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп за договорот и другите трговски прашања со САД.
Со едногласно гласање во средата во Сенатот, Мексико стана првата земја што го одобри договорот САД-Мексико-Канада и покрај сомневањата на либералите и тензиите со САД поради имиграцијата.
Новиот договор е речиси идентичен со стариот. Главните разлики го вклучуваат условот автомобилите што се извезуваат во САД да мора да содржат повеќе делови од САД, а американските производители на млеко да можат да ги продаваат своите производи во Канада.
Канадскиот парламент уште не гласаше за новиот договор, а договорот се соочува со противење од страна на демократите во САД.
Новиот договор го замени Северно-американскиот договор за слободна трговија од 1994 година.