Блинкен се среќава со делегација од Мексико да разговараат за безбедносните ризици

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен го сврте фокусот кон безбедносните разговори со Мексико, по обидите за обновување на односите со Франција.

Блинкен, заедно со секретарот за домашна безбедност Алехандро Мајоркас и главниот правобранител Мерик Гарленд денес е во Мексико Сити каде имаат, како што рече Стејт департментот, дијалог на високо ниво за безбедносни прашања.

Од страната на Мексико ќе присуствуваат секретарот за надворешни односи и претставници од безбедносните агенции.

Мексико на почетокот на неделава рече дека очекува САД да екстрадираат сосомничени во Мексико многу побрзо, како и да ги унапредат напорите за следење на парите користени од криминални организации.

САД очекуваат да бараат активности во справувањето со шверцот на нелегални дроги, како фентанил.

Дел од информациите се искористени од Асошиетед прес