Здравствените работници соопштија дека биле регистрирани 41 нови случаи на мали сипаници во САД, што е највисока бројка во последниве две децении.
Од Центрите за контрола и превенција на болести велат дека во 24 сојузни држави севкупно се регистрирани 880 случаи и дека епидемиите од нив се поврзани со патување во држави каде има епидемија на мали сипаници како што се Израел, Филипини и Украина.
Властите препорачуваат вакцинација за сите лица постари од 12 месеци, освен за оние веќе ја прележале болеста и станале имуни.
Вирусот на мали сипаници е многу заразен и се шири првенствено преку кашлање и кивање.