САД ја поздравуваат историската можност да се унапредат стабилноста, безбедноста и просперитетот на целиот регион, се вели во соопштението
ВАШИНГТОН —
САД ја поздравуваат одлуката на Грчкиот парламент да го ратификува Договорот од Преспа, соопшти Стејт Департментот.
„Лидерите на Грција покажаа визија, храброст и постојаност во нивните напори за решение на спорот за името, што ќе и` дозволи на идната Република Северна Македонија да го земе заслуженото место во НАТО и ЕУ“, се вели во соопштението на Стејт департментот.
Во него се нагласува дека САД ја поздравуваат историската можност да се унапредат стабилноста, безбедноста и просперитетот на целиот регион.