Државниот секретар на САД Ентони Блинкен ја истакнал потребата да се продолжи пристапниот процес со Северна Македонија и Албанија при денешната средба со потпретседателот на Европската Комисија Хосеп Борел во Вашингтон.
„Државниот секретар ја поздрави продолжената недвосмислена поддршка на ЕУ за европската перспектива на Западен Балкан и заложбата кон процесот на проширување, и ја истакна потребата да се продолжи понатаму со пристапниот процес со Албанија и Северна Македонија“, се вели во изјавата на портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.
Во изјавата на Прајс пишува дека „секретарот Блинкен ја потврдил важноста од партнерството меѓу САД и ЕУ, и заложбата на САД да работат заедно со ЕУ да се спротивстават на заедничките предизвици“.
Блинкен и Борел разговарале и за настаните поврзани со Авганистан, како и за дијалогот на високо ниво САД-ЕУ за Русија, и за следниот таков дијалог за Кина што се очекува да се случи на крајот на годината.
„Секретарот ја потврди заложбата на САД за посилна и поспремна европска одбрана што придонесува позитивно за трансатлантската и глобалната безбедност, и што одговара со НАТО“, се вели меѓудругото во изјавата на Прајс за денешната средба меѓу Блинкен и Борел.