Белата куќа ја повлече номинацијата на секретарот на Одделот за воени ветерани

Претходно Рони Џексон најави дека ќе се откаже од процесот за потврда на функцијата, заради бројни наводи за несоодветно однесување на работно место

Официјалниот лекар во Белата куќа, адмиралот Рони Џексон, се откажа од процесот за потврда на функцијата секретар на Агенцијата за воени ветерани. Претседателот Доналд Трамп го номинираше Џексон минатиот месец. Законодавците во меѓувреме започнаа истрага по наводите за несоодветно однесување на работно место и прекумерно конзумирање на алкохол.

Џексон нападите врз него ги опиша како „погрешни тврдења“, но, како што кажа, почнале да го одвлекуваат вниманието од напорите на претседателот да ја подобри здравствената грижа за американските ветерани.

Трамп и натаму ги брани ставовите на Џексон.