Тој денес се среќава со Трамп во Белата куќа, по што веднаш се враќа дома
ВАШИНГТОН —
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес ќе се сретне со претседателот на САД Доналд Трамп, и веднаш ќе се врати дома поради ракетниот напад од појасот Газа.
Нетанјаху требаше да остане на вечера во Белата куќа, како и да се обрати пред Комисијата за американско-израелски работи, главна американска лоби група за еврејската држава.
Во најавата за промената на времетрањето на посетата, Нетанјаху вети дека Израел ќе возврати со сила како одговор на, како што рече тој, криминалниот напад врз Израел.
Ракетата погодила куќа во Тел Авив, повредувајќи седум луѓе.
Израелската армија ја обвини милитантната група Хамас за ракетниот напад, и најави дека испраќа војници на границата со Газа.