Новата извршна наредба од администрацијата на Трамп ја ограничува легалната имиграција во САД за 60 дена почнувајќи од петокот. Пред потпишувањето на нарeдбата доцна во средата, претседателот Доналд Трамп нагласи дека е потребно да се заштитат американските работници и да се зачуваат американските здравствени ресурси за време на пандемијата на Ковид-19.
Кој е засегнат?
Извршната наредба ги суспендира визите за легален постојан престој, наречени и зелени карти, за повеќето членови на семејствата на американски граѓани и постојани жители кои моментално живеат надвор од САД и немаат важечка виза или патна исправа.
Со наредбата се суспендираат и апликациите за зелени карти за илјадници луѓе кои доаѓаат во државата преку програмата за разновидност или системот за лотарија. Педесет илјади зелени карти се достапни на годишно ниво за луѓе од држави со историски ниски стапки на имиграција во САД.
Што е зелена карта?
Повеќе од 50 години, САД им издаваат зелени карти на имигрантите на кои им е дозволено да живеат перманентно во државата. За многумина, обезбедувањето зелена карта е последниот чекор пред да се пријават за американско државјанство.
Во фискалната 2019 година, американските служби за државјанство и имиграција доделија законски постојан престој за скоро 577.000 лица
Според американската служба за државјанство и имиграција, зелените карти најчесто им се даваат на членовите на семејствата на американски граѓани и легални жители, како и на бегалци и баратели на азил, примени во САД и одредени категории работници.
((https://www.uscis.gov/greencard))
Во фискалната 2019 година, американските служби за државјанство и имиграција ѝм доделија законски постојан престој на скоро 577.000 лица. ((https://www.uscis.gov/news/alerts/uscis-final-fy-2019-statistics-available))
Кој е изземен од наредбата?
Според Белата куќа, извршната наредба не се однесува на оние кои веќе имаат „имигрантска виза што важи на денот на влегувањето во сила на оваа наредба“.
Покрај тоа, наредбата не ги блокира луѓето што доаѓаат во САД со привремени визи за работа или патување. Наредбата конкретно ги ослободува работниците во „производството на храна и оние кои директно помагаат да се заштити синџирот на снабдување“, како и сезонските работници, мигранти со договори во одморалишта или саеми.
Забраната исто така не се однесува на професионалци од областа на здравствената заштита и медицинските истражувања, вклучително и работници со визи H1B - категорија што им овозможува на повеќе од 85.000 странски високо квалификувани странци да доаѓаат во САД да работат најмалку три години.
Според наредбата, оние што дошле во државата во рамките на програмата за преселување бегалци или поднеле барање за статус на азил, исто така се ослободени, како што се сопружниците и децата на американските граѓани или постојаните жители.
Исклучок се исто така воени семејства, имигранти инвеститори и оние што се сметаат за важни за „националниот интерес“.
Дали оваа извршна наредба е единствената бариера за имиграцијата во САД?
Не. Дури и пред да се потпише наредбата, многу американски амбасади ја прекинаа процедурата за визи заради Ковид-19, влијаејќи на оние што сакаат да дојдат во САД со имигрантски, како и неимигрантски визи.
Дополнително, приемот на бегалци во САД е суспендиран уште од 19 март.
Администрацијата соопшти дека мигрантите притворени на границата на САД со Мексико ќе продолжат да бидат одвраќани најмалку уште еден месец.
Во меѓувреме, неодамна беше постигнат договор со Канада и Мексико за проширување на граничните ограничувања за несуштинските патувања, барем до средината на мај. Покрај тоа, забраните за патување од одредени земји остануваат на сила, како и продолжување на ограничувањата за патувања поради Ковид-19.
Какво е влијанието?
Адвокати за Гласот на Америка велат дека влијанието на извршната наредба е тешко да се предвиди, со оглед на тоа што пристигнувањата на имигрантите во САД се веќе забавени.
((https://twitter.com/MigrationPolicy/status/1253113085277147137))
Дополнително, приемот на бегалци во САД е суспендиран уште од 19 март.
Boundless Immigration, фирма со седиште во Сиетл, која им помага на луѓето во имиграцискиот процес проценува дека приближно една третина од апликациите за зелени карти би можеле да бидат засегнати од новата наредба за имиграција се додека е во сила.
Ко-основачот, Даг Ранд, за Гласот на Америка изјави дека наредбата на Трамп е невообичаена, но не е некомпатибилна со американскиот закон.
Извршната наредба не се однесува на работниците со немиграциски визи. Но, тој наведува дека службениците на САД ќе ја преиспитаат неимигрантската програма „во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на оваа наредба“ и може да препорачаат и „други мерки за стимулирање на економијата“.