Претходното утро, државјанинот на Хондурас Марвин Ривера-Мартинез беше уапсен од страна на претставници на Службата за имиграција и царина на САД пред очите на неговата сопруга и седум месечното дете, кое е родено во САД.
Потресени и вознемирени, членовите на неговото семејство заедно со активист од локалната заедницата разговараат телефонски со затворот каде привремено е држен Ривера-Мартинез.
Активистката Рејчел Табер од Работничкиот центар за расна правда во Њу Орлеанс соопшти и друга несакана вест: посета на Ривера-Мартинез се дозволени само во вторник.
Веќе е среда, а следната недела, Ривера-Мартинез ќе биде префрлен во прифатен центар на околу 300 километри од нивниот дом во Чалмет, Луизијана.
Низ целата држава семејствата на други недокументирани мигранти со олеснување ја примија веста дека во средината на јули не успеа планираните имиграциски рации планирани во 10 американски градови.
Вкупно беа уапсени 35 лица од околу 2.100 кои беа цел на операцијата.
Но, за сопругата и роднините на Ривера-Мартинез, се развива најлошото можно сценарио: детето кое е американски државјанин може да порасне без неговиот татко. Неговата млада мајка можеби ќе мора да го огледа сама.
Дваесет и шест часа откако Ривера-Мартинез беше уапсен во неговиот семеен дом со три спални, каде живеат седум лица, Гласот на Америка зборуваше со членовите на неговото семејство.
Тие се согласија да го отворат својот дом, и да ја раскажат својата приказна под услов нивните имиња да останат анонимни поради нивниот статус на мешани семејства и барања за азил.
Гласот на Америка го виде изводот од матичната книга на родените за детето родено во Њу Орлеанс во декември минатата година.
Според нив, семејството избегало од насилството во Сан Педро Сула, Хондурас, во 2014-та година, град кој во тоа време се сметал за место со најмногу убиства во светот.
Според семејството грешките кои тие ги направиле едно по друго, „незнаењето“ на нивните права во Америка, без оглед на правниот статус довеле до апсење на Ривера-Мартинез.