Соединетите американски држави ги обвинуваат авторитарните влади ширум светот за сериозни „повреди и злоупотреби на човековите права“ за да контролираат какви било активности што можат да ја загрозат нивната моќ.
„Искуството покажува дека владините службеници кои угнетуваат, злоупотребуваат и толерираат негирање на човековите права на сопствениот народ, исто така се одговорни за создавање социјални средини што се зрели и за економска и за хуманитарна криза и кои поттикнуваат корупција, насилен конфликт и тероризам “, рече државниот секретар на САД, Мајк Помпео, во изјава во средата на презентацијата на Извештајот за човековите права во 2019 година.
За Северна Македонија извештајот нотира високо ниво на корупција и насилство врз ЛГБТИ поединци.
На светско ниво значајни прекршувања на човековите права се регистрирани во Иран, Кина, Саудиска Арабија и Венецуела.
Што се однесува до Иран, американскиот извештај ги потенцираше широко распространетите протести што започнаа минатиот ноември по зголемувањето на цената на горивото.
Извештајот ја опишува деталната слика во Иран, наведувајќи значајни кршења на човековите права, вклучително и егзекуции за кривични дела кои не ги исполнуваат меѓународните правни стандарди и без да се обезбеди фер судење.
Владата на Техеран речиси една седмица „ги блокираше скоро сите меѓународни и локални интернет врски, а безбедносните сили употребија смртоносна сила за да ги прекинат протестите, при што загинаа околу 1.500 лица и 8.600 беа притворени, според меѓународните медиумски извештаи. Нема индикации дека државните субјекти воделе независни или непристрасни истраги за смртта на демонстрантите “, соопшти Стејт департментот.
Извештајот ја опишува деталната слика во Иран, наведувајќи значајни кршења на човековите права, вклучително и егзекуции за кривични дела кои не ги исполнуваат меѓународните правни стандарди и без да се обезбеди фер судење.
Стејт департментот, исто така, рече дека иранските владини претставници материјално придонеле за злоупотреби на човековите права во Сирија, Ирак и Јемен, преку воена поддршка на сирискиот претседател Башар ал Асад и про-иранската милиција.
Што се однесува до Кина, извештајот за човекови права на Стејт департментот се фокусираше на засилената кампања на претставници на кинеската комунистичка партија за масовно приведување на припадници на муслиманските малцински групи во автономниот регион Ксинџијанг Ујгур (Ксинџијанг).
„Во Кина, комунистичката партија користи системи за надгледување со помош на висока технологија за да ги следи потенцијалните дисиденти“, изјави Помпео на прес конференција за новинарите.
За Саудиска Арабија, во извештајот се изразува загриженост за транспарентноста и одговорноста на саудиската влада во врска со убиството во октомври 2018 година на новинарот Џамал Кашоги во Турција.