Сенатот не го укина Обамакеар

Тројца републиканци, заедно со демократите, гласаа против

Сенатот не успеа да изгласа делумна замена на седумгодишниот Закон за здравствена заштита, познат како Обамакеар.

Тројца републиканци - Џон Мекејн од Аризона, Лиса Мурковски од Алјаска и Сузан Колинс од Мејн, заедно со демократите, го поразија обидот на републиканците да го укинат Законот со 49 - 51

Претседателот Доналд Трамп, рано утринава, на неговиот Твитер профил напиша: тројца републиканци, и 48 демократи, го разочараа американскиот народ. Како што кажав на почетокот, да го оставиме Обамакеар да пропадне сам“, напиша Трамп.

Лидерот на малцинството во Сенатот, Чарлс Шумер, рече дека е време да се сврти страница.

„Не славиме. Се чувствуваме олеснето“, рече Шумер.

Лидерот на мнозинството во Сенатот Мич Меконел, пак, изјави:

„Жалам што нашите обиди не беа доволни овојпат“, рече тој.

На почетокот на неделава, републиканците двапати потфрлија во укинување, како и во укинување и замена на овој Закон со нова законска верзија.