Официјални претставници од американското разузнавање, ги пофалија законодавците за повторното одобрување на контроверзната програма за надгледување, која е критикувана од застапниците за заштита на приватноста. Тие тврдат дека не ги штити правата на обичните граѓани.
Сенатот во четвртокот изгласа продолжување на делот 702 од Актот за странско разузнавачко следење (ФИСА), за шест години.
Се очекува претседателот Доналд Трамп да го потпише законот денес.
Со делот 702 на разузнавачките агенции на САД им се овозможува да надгледуваат електронски и дигитални комуникации во странство, вклучувајќи ги оние испратени преку Фејсбук, Гугл и Верајзон.
Претставници на разузнавањето велат дека програмата е од витално значење и помогнала во спречување на терористички напади.