Американската влада за 10 дена ќе остане без средства, но претходно закажаната средба меѓу претседателот Доналд Трамп и лидерите на демократите во Конгресот за избегнување на чекорот, значеше можност дека партиските несогласувања, ќе се надминат.
Таа средба не се одржа, бидејќи лидерот на малцинството во Сенатот, Чак Шумер и лидерката на малцинството во Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, во последен момент го откажаа состанокот.
Првиот човек на сенатските републиканци Мич Меконел, рече дека најновиот чекор на демократите е „недостаток на сериозност“.
Со рекација се јави и Белата куќа: „Разочарувачки е што Шумер и Пелоси одбиваат да седнат на иста маса и да дискутираат за итни прашања. Поканата на претседателот до демократските лидери и натаму стои и ги охрабрува да ја остават настрана нивната тривијалност, да се појават и да се зафатат со работа. Ова се важни прашања“, се вели во соопштението.
Доколку политичките лидери не се договорат за финансирање на владата до крајот на актуелната фискална година – или септември 2018-та, можно е да усвојат краткорочно продолжување на средствата, со цел, комплетирање на долгорочен договор, пред Конгресот да замине на празничен одмор кон крајот на декември.