Спасени четири лица од брод кој се превртe кај Џорџија

Спасувачите на крајбрежната стража извлекоа четири лица заробени на товарен брод.

Тимот кој интервенираше мораше да ги продупчи челичните плочи на трупот на бродот, за да ги извлече членовите на екипажот, еден ден откако бродот се преврте при напуштање на пристаништето во Џорџија.

Сите четворица биле пренесени во болница во, како што е соопштено, релативно добра состојба.

Голден Реј, огромен брод што носи автомобили, се преврте во неделата, на пат од Брунсвик за Балтимор.

Крајбрежната стража претходно успеа да извлече 20 членови на екипажот со помош на хеликоптери.