Боинг тестира летачки автомобил

Your browser doesn’t support HTML5

Од компанијата Боинг соопштија дека тестирале прототип на летачки автомобил со цел да се приклучат на трката за освојување на пазарот на автономни летачки автомобили.

Во соопштението кое беше публикувано заедно со видео од настанот велат дека тестот бил направен во сојузната држава Вирџинија, во близина на Вашингтон.

Од Боинг велат дека се обидуваат да бидат дел од новиот бран на „градски превоз и услуги.“

Авиокомпанијата соопшти дека со двете варијанти на леталата сакаат да достигнат опсег од околу 80 километри и да можат да превезуваат од два до четири патници.

Подоцна годинава е планиран тест и на верзија која може да доставува пакети и може да крене тежина до 226 килограми.

Боинг се натпреварува со компании како што се Ербас, Бел и Убер кои исто така развиваат летала за транспорт без пилот.