Жителите на Северна и Јужна Каролина имаат неколку часови за да ги завршат последните подготовки и да заминат пред налетот на ураганот
Жителите на крајбрежните региони во источниот дел на САД се подготвуваат за пристигнувањето на ураганот Флоренс, кој полека се приближува до копното.
Иако ветровите ослабнаа, метеоролозите издадоа предупредување за севкупната големина на бурата, брановите кои ги носи, како и за количината на дожд која се очекува да наврне.
Жителите на Северна и Јужна Каролина имаат неколку часови за да завршат со последните подготовки и да заминат.
Националниот центар за урагани очекува ветровите да стасаат до брегот на двете сојузни држави до крајот на денешниот ден или во раните утринските часови во петокот.
Прогнозата е дека невремето ќе се задржи долж крајбрежјето во текот на петокот и саботата.