Американскиот потпретседател Мајк Пенс најави дека помошта за погодените во поплавите на Средниот Запад е на пат .
Потпретседателот вчера посети делови од Небраска и Ајова каде големото невреме минатата недела нанесе штета на малите градови и фармери.
Властите во Небраска проценуваат дека штетата во земјоделството е повеќе од една милијарда долари. Во оваа сума не е вклучена штетата направена врз јавниот сектор и бизнисите.
Земјоделците велат дека се уништени стотици тони жито и голем број на добиток.
Гувернерот на Ајова, Ким Рејнолдс прогласи вонредна состојба во 41 од вкупно 99 окрузи во сојузната држава.
Властите велат дека очекуваат поплави по должината на реката Мисури, втора по должина река во САД да продолжат до крајот на неделата.