Спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси ги повика законодавците да се вратат од летниот одмор на седница за да гласаат за финансирањето на американската поштенска служба, бидејќи новиот генерален поштенски претставник предлага мерки за намалување на трошоците.
Демократите стравуваат дека кратењата се насочени кон одложување на испораката на гласачките ливчиња по пошта на претседателските избори на 3 ноември.
Претставничкиот дом ќе го разгледа законодавството за да се спречи поштата да го спроведува она што Пелоси го нарекува измени во „работењето или нивото на услугата“ што го имаше на почетокот на 2020 година.
„Поштенската служба е столб на нашата демократија, согласно со Уставот и е неопходна за давање на критични услуги: испорака на рецепти, чекови за социјално осигурување, чекови од плата, даночни пријави и гласачки ливчиња на милиони Американци, вклучително и во најоддалечените заедници“, рече Пелоси.
Претседателот Доналд Трамп тврдеше дека гласањето по пошта ќе доведе до изборни измами.