Економијата на САД изгубила работни места

Како резултат на ураганите кои ја погодија државата

Во септември, американската економија изгубила 33.000 работни места, како резултат на ураганите што ги погодија Флорида, Тексас, Порторико и други области.

Во денешниот извештај на Одделот за труд исто така се вели дека стапката на невработеност паднала на 4,2 проценти, што е најниска стапка на невработеност од 2001-ва година наваму.

Економистите велат дека многу од овие изгубени работни места се наоѓаат во ресторани и барови во Флорида, каде како резултат од бурата беа затворени аеродроми, кои му наштетија на бизнисот.

Ова е прв пат во седум години економијата на САД да има загуба на работни места. До септември економијата додаваше во просек повеќе од 170.000 работни места месечно.

Директорот на „Ранстад“, глобална агенција за вработување која ги следи трендовите во вработувањето вели дека потребата за обнова на делови од Тексас, Флорида и Порторико веќе создава работни места во градежништвото и другите дејности.

Податоците од владата покажуваат дека 6,8 милиони Американци се без работа, што претставува пад од повеќе од 300.000 во текот на изминатата година. Други 5,1 милиони сакаат да најдат работа со полно работно време, но не можат да најдат таква.